Позиција
Готвач
Организација
Камник
Индустрија
Угостителство
Опис на работната позиција
Главни одговорности и обврски:
Извршува активности во подготовка на состојки како работа со месо, работа со риба, сечкање на зеленчук, овошје и сите преостанати работи потребни за припрема во кујна
Следи рецепти и упатства за готвење како и времето на готвење и температурите
Подготвува состојки за сложени јадења - Маринира и зачинува прехранбени производи
Основно готвење: Готви и ги припрема главните јадења, ладните и топлите предјадења, сосови и гарнири под надзор на готвач
Се грижи за правилна употреба на потребните производи од залихите согласно принципите на магацинско работење (ФИФО принцип)
Ја чисти и дезинфикува кујнската опрема, приборот и работните површини
Одржува чист и организиран работен простор
Спроведување на строгите упатства за безбедност на храната и санитарни услови, како и соодветни хигиенски и санитарни процедури
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
- Договор на неопределено време
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Конкурентна плата
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
Очекувани квалификации:
Високо образование/Вишо образование/Средно образование
Познавање на англиски јазик
Висока работна етика
Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
Кулинарски вештини и познавање на различни техники на готвење
Развиени организациски вештини и вештини за управување со времето
Способност за работа под притисок и запазување на рокови
Комуникациски и интерперсонални вештини
Одлични вештини за услуги со гостите
Објавен на: 15/06/2026
Краен рок за пријавување: 10/07/2026

