Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Area Sales Manager

Организација

Алу Кониг Штал ЕООД- Претставништво Скопје

Индустрија

Трговија

Опис на работната позиција

КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК / ТРГОВЕЦ
Во врска со проширувањето на својата дејност, АЛУ КОНИГ ШТАЛ – динамично развиена меѓународна трговска компанија, ориентирана кон нудење модерни технологии во областа на застаклените градежни конструкции – објавува позиција за:
КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК – за териториите на цела Македонија
БАРАЊА ЗА КАНДИДАТИТЕ:
• Високо образование: Економски или технички факултет
• Компјутерски вештини: Одлично познавање на MS Office (Excel, Word).
• Јазици: Одлично познавање на англиски јазик. Познавањето и на германски јазик ќе се смета за предност.
• Профил: Трговски ориентирана личност. Успешно комерцијално искуство во градежниот сектор ќе се смета за предност.
• Капацитет: Способност и желба за стекнување широк спектар на знаења и самоусовршување.
• Вештини: Комуникативност и развиени преговарачки вештини.
• Лични карактеристики: Лојален, одговорен, самодисциплиниран, креативен, проактивен, чесен, упорен, мотивиран.
• Тимска работа: Силно ориентиран кон тимска работа.
• Возачка дозвола: Активен возач, Б-категорија.
ОДГОВОРНОСТИ:
• Проширување и целосно сервисирање на мрежата од клиенти (компании за производство на браварија) во доделениот регион.
• Креирање и ажурирање на сопствена база на податоци.
• Изготвување извештаи и анализи за работните процеси поврзани со дејноста.
• Стремеж кон одржување високо професионално ниво на сопствените компетенции.
• Водење преговори, изготвување понуди, проактивно следење на нивниот статус и склучување договори.
ДОЛЖНОСТИ:
• Извршување на сите активности доделени од директниот раководител во врска со сервисирањето на клиентите.
• Стриктно чување на деловните и корпоративните тајни до кои има пристап.
• Грижа за сопственото здравје и безбедност, како и за здравјето и безбедноста на другите лица кои се директно или индиректно засегнати од неговата дејност, во согласност со неговата квалификација и инструкциите дадени од работодавачот.
• Почитување на сите обврски при извршувањето на доделената работа според работното законодателство.
• Почитување на Правилникот за внатрешен работен ред на работодавачот.
• Исполнување на сите одлуки на раководството на компанијата кои не се во спротивност со работното законодавство.
НИЕ НУДИМЕ:
• Мобилно работно место, личен компјутер и службен мобилен телефон.
• Договор за вработување.
• Работа во тим од докажани професионалци.
• Воведна обука и континуиран процес на едукација.
• Атрактивен модел на плата, усогласен со личниот придонес и остварените резултати.
Вашата биографија (CV) и мотивационо писмо испратете ги на е-адреса: office@alukoenigstahl.mk.
На интервју ќе бидат поканети само кандидатите кои ќе влезат во тесен круг по евалуација на документите.

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

office@alukoenigstahl.mk

Телефон

072221406

Објавен на: 23/10/2026

Краен рок за пријавување: 23/04/2027