Позиција
Машински инженер
Организација
GoldenArt
Индустрија
Градежништво и Архитектура
Опис на работната позиција
Машински инженер – проектант
• Изработка и разработка на проекти за машински инсталации за станбени и деловни објекти;
• Изработка на технички пресметки, шеми, детали, спецификации и предмери;
• Подготовка на проектна и техничка документација согласно важечките стандарди и прописи;
• Координација со архитектите, градежните и електроинженерите и останатите учесници во проектниот процес;
• Стручна поддршка при реализација на проектите и контрола на усогласеноста на изведбата со проектната документација.
Потребни квалификации
• Завршено високо образование – Машински факултет;
• Минимум 3 години работно искуство во проектирање на машински инсталации;
• Практично познавање на системи за греење, ладење, вентилација и други машински инсталации во високоградба;
• Активно користење на AutoCAD и MS Office, познавање на Revit MEP ќе се смета за предност;
• Познавање на техничките стандарди, нормативи и законската регулатива од областа;
• Овластување за проектирање А или Б ќе се смета за предност.
Нудиме:
• Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
• Конкурентна плата и професионални услови за работа;
• Работа на разновидни, комплексни и динамични проекти;
• Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
• Можност за професионален развој, усовршување и напредување.
Објавен на: 16/07/2026
Краен рок за пријавување: 09/08/2026

