Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Лаборант

Организација

Имако Вино

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Хемиски лаборант во оддел Лаборатории!
Локација Штип
За работната позиција:
Како Хемиски Лаборант во оддел Лаборатории ќе бидеш одговорен за спроведување на лабораториски анализи и активности поврзани со контрола на квалитет
ОДГОВОРНОСТИ
• Спроведување лабораториски анализи и контрола на квалитет на производи и суровини
• Подготовка и обработка на примероци за анализа
• Учество во процеси поврзани со развој и подобрување на производите
• Евидентирање и документирање на резултати од анализи
• Следење на процедури и стандарди за квалитет
• Соработка со други оддели поврзани со производството и контролата на квалитет

Потребни квалификации

КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование од областа на хемија, прехрамбена технологија, енологија или агрономија
• Минимум 1 година работно искуство во лабораторија во иста или слична област
• Познавање на лабораториска опрема и процедури
• Прецизност и внимание на детали
• Организираност и одговорност
• Способност за тимска работа и аналитичко размислување
• Основно познавање на MS Office

НИЕ НУДИМЕ
• Работа во стабилна и развојна компанија
• Можност за професионален развој и обука
• Работа со современа лабораториска опрема
• Конкурентни услови за работа


Исконтактирај нѐ на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Објавен на: 07/05/2026

Краен рок за пријавување: 31/05/2026