Позиција
Административен асистент
Организација
Имако Вино
Индустрија
Прехранбена
Опис на работната позиција
ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Административен асистент во оддел Сметководство и финансии!
Локација Штип
За работната позиција:
Како Административен асистент во оддел Сметководство и финансии ќе бидеш вклучен во сметководственото и финансиското работење на компаниијата.
ОДГОВОРНОСТИ
• Води уредна и навремена сметководствена евиденција (материјално и финансиско сметководство)
• Врши благајничко работење и евиденција
• Подготвува и ажурира сметководствени извештаи
• По потреба учествува во пописи
• Извршува други задачи согласно работните обврски во Сметководство и финансии
Потребни квалификации
КВАЛИФИКАЦИИ
• Високо образование од областа на економија, право, бизнис логистика, информатика
• Работно искуство во сметководство ќе се смета како предност
• Вештини за работа во Excel и во ERP системи
• Внимание на детали и структуиран начин на размислување
• Самоиницијативност, ориентираност на резултати и висок степен на точност
• Докажана способност за соработка во тимска средина
НИЕ НУДИМЕ
• Пријателска работна атмосфера
• Динамична и одговорна работа со постојан раст
• Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација во оддел Сметководство на компанијата
• Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
Исконтактирај нѐ на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!
Објавен на: 07/05/2026
Краен рок за пријавување: 31/05/2026