Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Дизајнер

Организација

Прима Мебел ДОО

Индустрија

Трговија

Опис на работната позиција

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува над 60 продажни места, во Република Словенија 2 продажни места  додекa во Северна Македонија 4 продажни места. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2100 работници од разни профили и подрачја на стручност.



ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Број на работни места: 2

Локација: Битола, BLISS Mall & Retail Park

Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со потрошувачи;
- Испитување на потребите на потрошувачите (стилски, естетски, функционални);
- Презентирање на производите и продажно советување;
- Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
- Испитување на задоволството на купувачот;

Твојот профил треба да биде:
- Сакаш мебел, внатрешно уредување и дизајн;
- Имаш позитивен став;
- Флесибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Спремен си за тимска работа;
-Имаш работно искуство во областа на внатрешно уредување;
- Имаш работно искуство од програмите за дизајн на внатрешно уредување и рендерирање;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Си мотивирана и стабилна личност;

Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени;

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на web.mebel@prima-namjestaj.hr со назнака Дизајнер за внатрешно уредување во Битола.

Потребни квалификации


                        

Објавен на: 17/06/2026

Краен рок за пријавување: 30/06/2026