Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Инженер за контрола на квалитет

Организација

Имако Вино

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Извршител во контрола на квалитет !
Локација Штип

Главни одговорности:

• Имплементира постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
• Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот
• Врши контрола на квалитет на полупроизводи, пакувачки материјали и суровини за производство
• Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел унапредување на квалитетот на призводите и ефикасноста на процесите
• Обезбедува и врши подготовка на податоци, анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити
• Одговорен за спроведување , ажурирање и сертифицирање на стандардите за квалитет имлементирани во винаријата - IFS

Потребни квалификации

Квалификации: 

• ВСС - Технолошки, Природноматематички (студии по биологија или хемија) или Земјоделски факултет
• Работно искуство во производство или лабораторија од минимум 2 години
• Познавање на системите за квалитет – HACCP , ISO, IFS
• Способност за разбирање, обработка и пренос на точни податоци и факти
• Изразени организациски и аналитички вештини
• Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
• Добро познавање на пишан и говорен Англиски јазик
• Познавање на пакетот MS Office


Што нудиме:


• Соодветна обука за позицијата и почетна поддршка во извршувањето на задачите
• Редовна и компетитивна плата согласно познавањата и работното искуство на кандидатот на иста или слична позиција
• Можности за напредување во компанијата и професионален развој




Исконтактирај нѐ на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Објавен на: 07/05/2026

Краен рок за пријавување: 31/05/2026