Позиција
Financial Controller
Организација
ФД МОНИМАКС ФИНАНСИСКО ДООЕЛ ОХРИД
Индустрија
Финансии и банкарство
Опис на работната позиција
ФД Монимакс Финансиско ДООЕЛ Охрид
објавува оглас за вработување на
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Доколку сте професионална, одговорна и организирана личност со искуство во сметководство, Ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Работни задачи и одговорности
• Водење на целокупната сметководствена евиденција согласно законските прописи.
• Книжење и контрола на влезни и излезни фактури.
• Контрола и книжење на банкарски изводи.
• Подготовка и реализација на плаќања.
• Контрола на извршените сметководствени книжења.
• Подготовка и поднесување на ДДВ пријави.
• Изготвување на годишни финансиски извештаи и завршна сметка.
• Подготовка на финансиска документација и соработка при ревизии.
• Подготовка, изработка и навремено доставување на извештаи до Министерството за финансии, Народната банка и други надлежни институции.
• Работа со големи бази на податоци, подготовка на финансиски анализи, интерни извештаи и регулаторни извештаи.
Нудиме
• Работа во стабилна и реномирана финансиска институција
• Професионална и динамична работна средина
• Можност за професионален развој и усовршување
• Конкурентна плата и пакет на бенефиции согласно квалификациите и искуството
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати може да ја достават својата биографија (CV) и мотивациско писмо на employment@moneymax.mk
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Ви благодариме за покажаниот интерес!
Потребни квалификации
Потребни квалификации
• Предност ќе имаат кандидатите со искуство во банка, финансиско друштво или друга финансиска институција
• Одлично познавање на сметководствените и даночните прописи.
• Познавање на англиски јазик
• Високо ниво на аналитичност, одговорност и внимание на детали
• Способност за самостојно организирање на работните задачи и почитување на рокови
Објавен на: 01/08/2026
Краен рок за пријавување: 31/08/2026