Позиција
Медицинска сестра
Организација
Специјализирана болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје
Индустрија
Медицина
Опис на работната позиција
Приватна здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. За потребите на Установата, имаме потреба од:
Медицинска сестра/техничар
Што нудиме:
• Можност за професионален развој и надоградба
• Работа во компанија која е дел од странска групација
• Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Р.С Македонија
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да работите во динамична интернационална компанија, со можност за професионално усовршување и напредување, Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, доставете ја најдоцна до 24.10.2026 година на следната e-mail адреса:
frosina.filipova@dmed-medical.com
Потребни квалификации
Потребни квалификации и познавања:
• ССС Медицинско училиште
• Положен државен испит за медицинска сестра/техничар
• Работното искуство со дијализни пациенти ќе се смета за предност
• Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Личен профил
• Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
• Почитување на правила и кодекс на работа,
• Внимателност и прецизност при работењето,
• Способност за индивидуална и тимска работа,
• Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата
Објавен на: 10/10/2026
Краен рок за пријавување: 24/10/2026

