Позиција
Комерцијалист за продажба
Организација
Ман-Дра
Индустрија
Продажба и Маркетинг
Опис на работната позиција
Оглас за вработување – Комерцијалист за бренд ABB
Доколку сте амбициозна, комуникативна и проактивна личност со интерес за продажба и индустриска автоматизација, ве покануваме да станете дел од нашиот тим на позицијата:
Комерцијалист за бренд ABB
Потребни квалификации
Основни одговорности:
Активна продажба и промоција на производите и решенијата од брендот ABB.
Одржување и развивање на односи со постојни и потенцијални клиенти.
Посета на клиенти, проектанти, индустриски капацитети и продажни места.
Подготовка и следење на понуди, нарачки и комерцијална документација.
Идентификација на нови деловни можности и развој на пазарот.
Техничка и комерцијална поддршка на клиентите во соработка со техничкиот тим.
Учество во презентации, обуки, саеми и маркетинг активности поврзани со брендот ABB.
Следење на пазарните трендови и активностите на конкуренцијата.
Потребни квалификации:
Минимум завршено средно образование (IV степен), предност имаат кандидати со високо образование од техничка насока.
Претходно работно искуство во продажба или комерцијални активности ќе се смета за предност.
Познавање на електротехника, индустриска автоматизација или енергетика ќе се смета за предност.
Одлично познавање на MS Office пакетот.
Возачка дозвола Б категорија.
Познавање на англиски јазик.
Лични карактеристики:
Одговорност и ориентираност кон резултати.
Одлични комуникациски и преговарачки способности.
Самоиницијативност и способност за самостојна работа.
Тимски дух и професионален однос кон клиентите.
Подготвеност за работа на терен и службени патувања.
Нудиме:
Работа во стабилна и успешна компанија.
Континуирана обука и професионален развој за ABB производите и решенијата.
Можност за напредување и градење кариера.
Конкурентна плата и бонуси според остварени резултати.
Пријатна и професионална работна средина.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на: contact@man-dra.mk
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Објавен на: 17/06/2026
Краен рок за пријавување: 11/07/2026