Позиција
Менаџер на технички сектор
Организација
Доорс Импекс Дооел
Плата
5000080000
Индустрија
Градежништво и Архитектура
Опис на работната позиција
Оперативен менаџер за монтажа и технички мерења
Поради проширување на нашиот тим, бараме одговорна, комуникативна и технички ориентирана личност, која ќе биде клучна врска помеѓу клиентите, монтажните екипи, продажниот тим и раководството на компанијата.
Оваа е диманична позиција која комбинира технички мерења, Site Management, комуникација со клиенти и раководење со монтажните екипи, со одговорност за процесот од земање мерки до успешно завршена монтажа.
Главни задачи и одговорности
• Прецизно земање мерки на објект за гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и други производи од нашата програма, дефинирање на соодветното техничко решение.
• Читање на технички проекти и проверка на подготвеноста на објектот за монтажа
• Професионална комуникација и советување на клиентите, со цел градење доверба и успешно реализирање на продажбата
• Планирање, организација и координација на монтажите и монтажните екипи
• Техничка координација на објект (Site Management) со инвеститори, изведувачи и останати учесници во проектот
• Контрола на квалитетот, роковите и правилното извршување на монтажите
• Следење на KPI и резултатите на монтажните екипи и редовно известување до претпоставениот
Потребни квалификации
Потребни квалификации и вештини
• Способност за читање и разбирање на технички цртежи, планови и проекти
• Способност за изработка на основни технички скици и цртежи
• Добри комуникациски и организациски способности и професионален однос со клиенти
• Способност за раководење, координација на луѓе и донесување одлуки на терен
• Основна компјутерска писменост и способност за водење евиденција и извештаи
• Возачка дозвола Б категорија
• Предност имаат кандидати со завршено инженерско или друго техничко образование
• Искуство во градежништво, работа на градилиште, монтажа или соработка со изведувачи и инвеститори се смета за значителна предност
• Познавање на AutoCAD или слични програми за техничко цртање се смета за предност
Претходно искуство со гаражни, индустриски или противпожарни врати не е задолжително.
Добредојдени се и млади инженери и дипломирани техничари – компанијата обезбедува целосна обука за производите, земањето мерки, монтажните системи и специфичностите на работата.
Нудиме
• Работа во стабилна и растечка компанија
• Одговорна позиција со можност за професионален и менаџерски развој
• Целосна обука за производите и начинот на работа
• Фиксна плата + систем на бонуси поврзан со резултатите и KPI
• Годишен одмор – 21 работен ден
• Возило за службени патувања , лаптоп и телефон
• Пријатна работна средина и тимска поддршка
Доколку се препознавате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија (CV), кратко мотивационо писмо и контакт информации на:
E-mail: hr@doorsimpeks.mk
Тел. : 078 365 676
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Објавен на: 26/08/2026
Краен рок за пријавување: 12/09/2026

