Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Административен работник

Организација

Специјализирана болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје

Индустрија

Медицина

Опис на работната позиција

Приватната здравствена установа – Специјализирана болница по нефрологија со дијализа Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје е дел од D.Med Healthcare Group, со седиште во Дизелдорф, Германија.
D.Med Healthcare Group е меѓународна групација која обезбедува медицински услуги и производи, со посебен фокус на областа на нефрологијата и дијализата, како и на други медицински области.
Како дел од групацијата, Специјализираната болница Д.МЕД МЕДИКАЛ Скопје обезбедува висококвалитетни здравствени услуги за пациенти со бубрежни заболувања и бубрежна инсуфициенција, вклучително и пациенти кои се на хронична програма за дијализа.
За потребите на Установата, објавуваме оглас за пополнување на следното работно место:
АДМИНИСТРАТОР НА ПРИЕМЕН ПУЛТ

Што нудиме:
• Можност за професионален развој и надградба;
• Работа во компанија која е дел од меѓународна групација;
• Редовни месечни примања, согласно важечката законска регулатива во Република Северна Македонија.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за работа во динамична меѓународна компанија, со можности за професионално усовршување и напредување, Ве покануваме да ја доставите Вашата биографија (CV), со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 19.11.2026 година, на следната електронска адреса:
frosina.filipova@dmed-medical.com

Потребни квалификации

Потребни квалификации и познавања:
• Минимум завршено средно образование;
• Работно искуство во здравствена установа ќе се смета за предност;
• Познавање на англиски јазик;
• Познавање и активно користење на компјутери, со одлично познавање на MS Office.

Личен профил:
• Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
• Почитување на правилата и кодексот на професионално однесување;
• Внимателност и прецизност при извршување на работните задачи;
• Способност за самостојна и тимска работа;
• Иницијативност, мотивираност и подготвеност за континуирана едукација и надградба на знаењата.

Контакт информации

Емаил

frosina.filipova@dmed-medical.com

Телефон

022033530

Објавен на: 05/11/2026

Краен рок за пријавување: 19/11/2026