Позиција
Аналитичар за трошоци
Организација
Алтера Фуд
Индустрија
Производство
Опис на работната позиција
Бараме аналитичар за производни трошоци кој ќе биде „очи и уши“ на менаџментот за тоа каде оди секој денар во производството.
🔹 Што ќе работите
• Водење на материјално сметководство — суровини, амбалажа, готови производи
• Дневно усогласување на податоци од магацин, производство и пакување
• Калкулации на цена на чинење по производ и работен налог
• Месечни извештаи: нормативна vs реална потрошувачка, работни часови по налози, енергенси по налози
• Анализа на отстапувања и предлози за оптимизација
• Поддршка на надворешното сметководство со материјални податоци
• Учество во дигитализацијата на процесите во компанијата
🔹 Што нудиме
• Месечна нето плата 35.000–50.000 ден, во зависност од искуството
• Хибриден работен модел — поголем дел од времето on-site во Гевгелија
• Стабилно работно место во растечка компанија со интернационална присутност
• Можност за професионален развој
Потребни квалификации
🔹 Што бараме
• Високо образование — економија, финансии или сродна струка
• 3+ години искуство во материјално сметководство, контролинг или финансиска анализа (предност: производствена фирма)
• Напреден Excel — формули, анализа
• Познавање на ERP/сметководствени системи
• Прецизност, систематичност и аналитички пристап
• Самостојност во работата
Објавен на: 10/05/2026
Краен рок за пријавување: 10/06/2026

