Позиција
Продавач
Организација
Пријатели-миленици
Плата
38000
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
🐾 ПРИЈАТЕЛИ Вработува: Асистент за продажба и грижа за миленици за ПРИЈАТЕЛИ 7 (Охрид)
ПРИЈАТЕЛИ е најголемиот ланец со 8 продажни објекти (пет шопови) распостранети во Македонија. Стани дел од тим кој ги сака животните, меѓусебно се поддржува и постојано расте!
Потребен ни е уште еден член во тимот за Регион Охрид – ПРИЈАТЕЛИ 7 (Крст Џамија), бараме мотивирани кои сакаат да ги споделат своите вредности со нас.
💰 Плата и Пакет за заработка
Ние ја цениме Вашата вредност и искуство. Нудиме јасни и транспарентни услови:
- Позиција со искуство: 33.000 ден. (претходно искуство во пет шоп / плата со додатоци)
- Позиција без искуство: 30.000 ден.
- Максимален потенцијал за заработка: до 38.000 ден. (преку остварена продуктивност, плата со додатоци и бонуси)
🎁 Твои Бенефиции:
- Сигурност: Пријавен и платен работен стаж (долгорочна стабилност).
- Финансиски додатоци: Регрес за годишен одмор (К-15 во согласност со законските прописи).
- Платен превоз: За сите вработени со оддалеченост на живеење над 6 километри.
- Бонус „Препорачај пријател“: Дополнителна награда ако доведеш добар колега во тимот.
- Попусти: Поволни цени и специјални кориснички попусти од производите за твоите миленици.
- Развој: Личен и професионален развој со можност за постојан напредок во компанијата.
⏰ Работно време и организација:
- Работа во две смени (организација на работното време).
- Работни денови: Од понеделник до сабота (40 работни часови).
- Недела е неработен ден.
💼 Клучни одговорности
- Препорачување и продажба на производи според потребите на потрошувачите.
- Секојдневна грижа за животните (хранење, чистење и одржување на милениците и аквариумите).
- Администрација, водење е-маил комуникација и следење на внатрешните процедури.
- Подготовка на нарачка, логистика и прием на стока од главниот магацин еднаш неделно.
- Грижа за чистотата, уредноста и изгледот на комплетната продажна површина.
🎓 Што бараме?
- Искрена љубов и основно познавање на домашни миленици и акваристика.
- Познавање на дигитални алатки (секојдневна е-маил и вибер комуникација)
- Комуникативност, љубезност и одличен однос со клиенти.
- Тимски дух и способност за ефикасно справување под притисок.
📧 Скенирај и пријави се!
- Испрати го твоето CV на: vrabotuvanje@prijateli5.com
- Посети ја нашата веб-страница: www.prijateli5.com
________________________________________
Потребни квалификации
🎓 Потребни квалификации:
- Искрена љубов кон животните
- Основно познавање од областа на домашните миленици и акваристиката, ќе се смета за предност (но не е задолжително).
- Развиени дигитални вештини со акцент на секојдневна е-маил комуникација.
- Истакнати комуникациски вештини, пресретливост и професионален однос со купувачите.
- Тимски дух и способност за ефективно справување со динамични работни обврски.
- Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност (но не е задолжително).
Објавен на: 12/08/2026
Краен рок за пријавување: 06/09/2026

