Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Магационер

Организација

ОКИТЕКС ДОО Скопје

Плата

33000

Индустрија

Текстилна

Опис на работната позиција

ОКИТЕКС ДОО Скопје објавува оглас за вработување во модна конфекција  
за следната работна позиција: Магационер во текстилна фабрика
Главни обврски и одговорности:
• Прием на репро материјали и обезбедување на нивен истовар.
• Грижа за соодветно складирање на примените материјали преку броење и нивна
распределба.
• Секојдневна подготовка на материјалите за издавање во производство.
• Водење на грижа за соодветната документација за прием и издавање на
материјалите.
• Контрола и следење на материјалното работење во магацинот преку управување
со залихи.
• Учество во пописи.
• Постојано одржување на хигиената и реорганизација на магацинскиот простор
според потребите.
• Помош и соработка во оперативни активности на различните сектори.
• Почитување на правилата и процедурите во работењето.
Потребни квалификации:
• ССС/ВСС
• Задолжително познавање на работа на компјутер.
• Познавање на работа со софтвери за водење залиха.
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
• Пожелно работно искуство во магацинско работење и логистички способности.
• Навременост и одговорност во извршување на работните задачи.

Ние нудиме :
1. Вработување во стабилна, фамилијарна компанија.
2. Континуирана работа во сигурна и безбедна работна средина.
3. Можност за професионален развој и кариерно напредување.
4. Редовна исплата на плата.
5. Годишен одмор и регрес за годишен одмор (К-15).
6. Организиран доручек на сметка на компанијата.
Работно време од 07-14:30h и две саботи во месецот.
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас испратете го Вашето CV на
lawoffice@okitex.net или преку полето брза апликација.
Контакт: 02/3296-235; 072/806-096
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка
биографија.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Потребни квалификации


                        

Контакт информации

Емаил

lawoffice@okitex.net

Телефон

072/806-096

Објавен на: 01/05/2026

Краен рок за пријавување: 17/05/2026