Позиција
Градежен инженер
Организација
GoldenArt
Индустрија
Градежништво и Архитектура
Опис на работната позиција
Градежен инженер – проектант на конструкции
• Изработка и разработка на проекти за градежни конструкции во високоградба;
• Изработка на статички и динамички пресметки, планови за оплата и арматура и конструктивни детали;
• Подготовка на проектна и техничка документација согласно важечките стандарди и прописи;
• Координација со архитектите, машинските и електроинженерите и останатите учесници во проектниот процес;
• Оптимизација на конструктивните решенија и стручна поддршка во текот на реализацијата на проектите.
Потребни квалификации
• Завршено високо образование – Градежен факултет, насока конструктивна;
• Минимум 3 години работно искуство во проектирање на градежни конструкции во високоградба;
• Активно користење на AutoCAD и софтвер за статички пресметки и димензионирање (Tower, ArmCAD или сроден софтвер);
• Познавање на релевантните технички стандарди, нормативи и законска регулатива;
• Способност за тимска и самостојна работа, аналитичност, организираност и одговорност;
• Овластување за проектирање А или Б и познавање на Revit ќе се сметаат за предност.
Нудиме:
• Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
• Конкурентна плата и професионални услови за работа;
• Работа на разновидни, комплексни и динамични проекти;
• Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
• Можност за професионален развој, усовршување и напредување.
Објавен на: 16/07/2026
Краен рок за пријавување: 09/08/2026

