Позиција
Салатер
Организација
Камник
Индустрија
Угостителство
Опис на работната позиција
Главни одговорности и обврски:
1. Подготовка на салати, ладни предјадења и топли предјадења, вклучувајќи преливи, сосови и гарнири за потребите на ресторанот и хотелот
2. Учествува во делот за навремена набавка на сите потребни производи и потребни состојки за салата/предјадење, како и доставување
3. Одговорен во делот на сервирање и добра визуелна презентација на храната
4. Одржување на чистотата на сите фрижидери, магацински простори и работни површини кои се користат за салата/предјадење
5. Контрола како и проба на јадењата при подготовка (салата и предјадења) со цел обезбедување на квалитет на храната
6. Спроведување на строгите упатства за безбедност на храната и санитарни услови, како и соодветни хигиенски и санитарни процедури
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
- Договор на неопределено време
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Конкурентна плата
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Потребни квалификации
ОЧЕКУВАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование
- Висока работна етика
- Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Силни кулинарски вештини со фокус на салати, ладни и топли предјадења
- Познавање на различни кујни и профили на вкусови
- Одлични вештини за услуги на гостите
- Внимание на детали и посветеност на квалитетот
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови
- Флексибилност за работа во смени
Објавен на: 21/04/2026
Краен рок за пријавување: 17/05/2026

