Позиција
Главен магационер
Организација
дон холдинг
Индустрија
Градежништво и Архитектура
Опис на работната позиција
Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од Магационер за работа во компанија која се занимава со изведба на градежно-завршни работи и одржување на објекти.
Потребни квалификации:
Работно искуство како магационер (предност имаат кандидати со искуство во градежни материјали).
Познавање на градежно-завршни материјали (електрика, водовод и канализација, керамика, молерисување, гипс-картонски системи, преградни ѕидови, алати и потрошен материјал).
Солидно познавање на работа со компјутер.
Искуство со внес и евиденција на роба во магацински систем.
Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
Одговорност, организираност и педантност во работењето.
Работни задачи:
Прием, складирање и издавање на материјали и алати.
Внес и ажурирање на прием и излез на роба во магацинскиот систем.
Задолжување и раздолжување на мајсторите со материјали и алати.
Водење точна евиденција за залихите и расходот на материјалите.
Следење на минимални залихи и навремена подготовка на барања за набавка.
Организација и одржување на магацинот чист, уреден и функционален.
Контрола на состојбата и исправноста на алатите и опремата.
Учество во пописи и усогласување на магацинската евиденција.
Нудиме:
Редовна и конкурентна плата.
Пријавен работен однос со сите законски права.
Работа во стабилна и растечка компанија.
Пријатна работна атмосфера и можност за долгорочен ангажман.
Доколку ги исполнувате условите и сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ја вашата биографија на емаил donholding@donholding.com.mk или контактирајте нè на телефон 078 291 159 за повеќе информации.
Потребни квалификации
Објавен на: 27/06/2026
Краен рок за пријавување: 09/07/2026