Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Стручен Соработник

Организација

МЕДИКУС

Индустрија

Фармација

Опис на работната позиција

Позиција
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник
Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд, ЕСИ – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.
МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија. Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство.
Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.
Одговорности:
• Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ
• Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи
• Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
• Остварување на предвидениот план за продажба

Се работи на територија на цела Македонија.
Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.
Компанијата ќе ви овозможи:
- Привлечна почетна плата и брзо напредување
- Редовна исплата на К-15
- Службено возило за потребите на работата
- Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска)
- Патување во Италија за најуспешните вработени
- Бонуси за успешно работење
За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:
• резиме (кратка биографија) со фотографија,
• мотивациско писмо,
• уверение за завршено соодветно образование, како и
• копија од возачка дозвола
најдоцна до 10.06.2024 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.

Потребни квалификации

Кандидатите треба да ги имаат следните  квалификации:
 Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
 Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
 Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
 Комуникациски и презентациски вештини
 Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

Контакт информации

Емаил

medikus@medikus.com.mk

Телефон

02-2031513

Објавен на: 28/05/2024

Краен рок за пријавување: 12/06/2024