Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Одговорен за одржување

Организација

Камник

Индустрија

Хотелиерство

Опис на работната позиција

Одговорно лице за техничко одржување на објекти
Главни одговорности и обврски:
• Координација, контрола, менаџирање и редовно техничко одржување на објектите.
• Следење, функционална проверка и контрола на системите за греење и ладење.
• Навремена детекција и супервизија при отстранување на дефекти во делот за електрика, водовод, одвод и останато.
• Организација, координација и распределба на секојдневните задачи по приоритет; планирање на превентивни сервиси и брза реакција при итни интервенции.
• Надзор и контрола на квалитетот на извршените услуги од страна на надворешни компании и изведувачи.
• Подготовка на редовни извештаи до директорите поврзани со работењето
Компанијата за своите вработени нуди:
• Вработување во реномирана компанија со договор на неопределено време
• Конкурентна и редовна плата во зависност од вашето искуство и квалификации
• Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
• Бенефиции:
oбезбеден квалитетен топол оброк и пијалоци во текот на денот

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk. За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

Потребни квалификации

Очекувани квалификации:
• Завршено средно или високо образование (електро, машинска или друга техничка насока ќе се смета за предност).
• Минимум 3 години работно искуство во областа на техничко одржување објекти
• Поседување возачка дозвола од Б категорија.
• Висока работна етика, прецизност и изразени практични вештини.

Потребни способности и вештини:
• Напредни технички познавања (електрика, водовод, браварија и општи поправки)
• Сериозен и одговорен однос кон работните задачи и соработниците
• Kомпјутерско познавање – e-mail комуникација и работа со word, excel итн.
• Лојална, доверлива, организирана и дисциплинирана личност со лидерски капацитет
• Строго почитување и примена на мерките за безбедност и здравје при работа (БЗР).

Контакт информации

Емаил

vrabotuvanje@kamnik.mk

Телефон

02/ 2523-523

Објавен на: 01/08/2026

Краен рок за пријавување: 01/09/2026