Позиција
ADMINISTRATIVE ASSISTANT
Организација
Интерстаб инженеринг
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
Административен работник – позиција за почетници и искусни кандидати.
Нашата компанија ги претставува светските лидери во идентификација на производи, индустриски печатачи, машини за етикетирање, пневматски компоненти и ПВЦ црева и стеги. Компанијата инсталира, одржува машини и обезбедува комплетни технички решенија на некои од најпознатите локални и светски производители од сите гранки на прехранбената индустрија, екструзија и пошироко.
Поради проширувањето на своите активности, компанијата има потреба Административен работник. Еве кого бараме:
Основни одговорности и задачи:
Административна поддршка и учество во внатрешни координативни активности
Организирање деловни состаноци и седници и водење на записници од истите
Изготвување и испраќање на известувања, овластувања, потврди и слична документација
Водење на деловодни книги
Превод на документи од македонски на англиски јазик и обратно
Управување со системот за работно време, отсуства, годишен одмор и други работи поврзани со вработените
Организација и логистичка поддршка при службени патувања
Прием на дојдовни повици и нивно пренасочување доколку е потребно
Квалификации и компетенции:
ВСС ќе се смета за предност
Одлично познавање на англиски јазик
Организација и одговорност
Одлични комуникациски вештини
Тимска работа и способност за работа под притисок и со кратки рокови
Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
Самоиницијативност и способност за самостојна работа
Компанијата нуди
• Програма за воведна обука
• Соодветно наградување и бонус шема врзана за постигнатите резултати
• Учество на специјализирани обуки на меѓународни добавувачи и можност за постојано професионално усовршување
• Приклучување на млад и динамичен тим
Доколку напишаното одговара на вашите професионални интереси и мислите дека тоа е можност за успешна кариера, испратете ја вашата апликација на е-пошта: career@interstab.mk
до 24.08.2026 година
Само одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју!
Потребни квалификации
Објавен на: 26/06/2026
Краен рок за пријавување: 25/07/2026

