Почитувани посетители, време
е да ја преземете
контролата
врз вашето барање на
работа. Не
е веќе до компаниите да Ве вработат, до Вас е да се вработите. Заборавете на тоа
до каде е економијата. Споменете
си на минатата година,
само ако морате, но
потоа заборавете
и на тоа. Вашиот фокус
треба да биде изнаоѓање на
вистинската работа за вас и правете сé
што можете
за
да
бидете
најдобриот кандидат за таа работа. Конкуренцијата
може да биде
доста тешка, но вие ќе
бидете
уште подобри од
конкуренцијата.
Жан Баур, авторот на "Елиминиран! Сега што! Наоѓањето на вашиот пат од криза при
губење работа до еластична кариера", вели дека една од најдобрите работи што
луѓето треба да го направат кога ќе почнат да се чувствуваат заглавени во
нивната потрага, е споредба на методите кои работат и тие кои не
се продуктивни, и потоа да ја приспособат нивната стратегија. Меѓутоа,
исто така треба да се грижат и за себе.
Дури и многуте талентирани, образовани и искусни лица кои бараат работа можат да
имаат потешкотии да најдат работа во денешната економија. Иако
луѓето можеби се надеваат дека нивната транзиција до нова работа ќе трае само
неколку недели, реалноста е дека голем број лица кои бараат работа поминуваат
месеци, па дури и една година, со надеж да обезбедат сигурна работа. Периодот
на барање работа може да ја опустошат самодовербата на кандидатот, мотивацијата
и гордоста - сите карактеристики кои се од клучно значење за постигнување успех
во пазарот на труд.
Баур во својата книга нуди неколку совети кои “треба” и ”не треба” да ги правите
за одржливост низ една долга транзиција. Побарајте ја и обрнете внимание на
неговите совети.
Користење на клучни зборови при барање работа
Можеби мислите дека имате прилично тешка задача како лице кое бара
работа, но и на менаџерите за вработување, чија основна задача им е сортирање од
различни места на десетици до стотици потенцијални кандидати, не им е воопшто
лесно, исто така. Всушност, тие дури може да тврдат дека им е и полошо.
Веројатно поради тие причини, менаџерите за вработување ги направија работите
уште полесни за себе во последниве години. Желни да си ја минимизираат работата
на рачно сортирање на апликација по апликација, работодавците се повеќе се
потпираат на клучни зборови за пребарување низ бази на податоци за да најдат
потенцијалните вработени.
Оваа практика е веќе вообичаена во светот, особено кај Fortune 1000 компаниите,
како и кај многу други помали компании кои сега ги користат овие технологии.
Исто така, многу работодавци пребаруваат низ базите на податоци кои нудат
вработување и биографии преку можноста што им се нуди на интернет со пребарување
преку клучен збор.
Што значи оваа информација за лицето кое бара работа? Лоша вест е што можеби и
совршено квалификувани кандидати не ќе може да успеат, колку што ќе можат преку
интервју, само поради тоа што во нивната биографија недостасуваат одредени
клучни зборови. Добра вест е што со едноставно наоѓање на начини да ги вклучат и
овие зборови во биографијата, може да добијат стратешка предност во однос на
другите кандидати.
Па
кои се
тие
зборови? Клучните
зборови обично се именки кои
ги
изразуваат
вештините
кој
одреден работодавец
ги бара
и може да содржат технички жаргони
и
жаргони
поврзани со индустријата. Со цел да се разбере кои клучни зборови и фрази
се
најефективни за успешно
пребарување
на
работа, користете ги следните
средства:
Огласите:
Внимателно прегледувајте ги информациите од
понуденото
работното
место
за кое аплицирате,
тие се
најдобар извор за клучните
зборови кои работодавачот ќе ги користи
при
пребарувањето на резимеата од
базата
на податоци. (Не копирајте
го огласот
од-збор-здо-збор,
но
искористете само дел од информациите и вклучете ги во
вашата биографија.) Ако
ја објавувате
биографија на веб-сајт на работодавецот или берзата на труд,
прегледајте неколку огласи и погледнете кои
се
најчестите
зборови кои се повторуваат. Овие
зборови имаат најдобри шанси
да Ве направат
успешен
при пребарувањето на работодавецот.
Агентите за регрутирање:
Ако работите
преку
агент
за регрутирање, побарајте
негов или нејзин
совет. Агентите
за регрутирање,
чија работа е да знаат
што компаниите бараат
во еден кандидат,
можат
да ви кажам кои зборови се
најпогодни за работата што ја
барате.
2011 година треба да биде одлична година
Во продолжение Ви нудиме неколку совети кои треба да го свртат
пребарувањето во Ваша корист.
1. Насочи го пребарувањето. Престани
со аплицирање за работни места за кои не си квалификуван или навистина не ги
сакаш. Тоа
е губење на време. Биди
искрен со себе при оценување на огласите за работа. Доколку
треба да почнеш
уште
утре
со
работата, дали ги имаш
сите вештини
кои се потребни за да
успееш? Или
постојат делови од описот на работата
за кои
немаш
искуство? Иако секогаш
е добро
да бидеш
подготвен да учиш, повеќето компании сакаат да
вработат
некој кој може
веднаш да се вклучи
и да почни
со работа
без да биде
обучуван
од
почеток. Фокусирајте
го
времето
во
создавањето
одлична
апликација за
работни
места за кои си потполно квалификувам.
2. Знај точно што сакаш. Стеснувањето
на пребарувањето за работа може да те натера да се запрашаш тешки прашања како
што се: За каков вид на работа сум навистина способен? И, кои вештини можам да
му ги понудам на работодавецот? Ако не си сигурен на одговорот, направи еден
список со вештини за работа кои ги исполнуваш и еден со вештини што сакаш да ги
користиш најмногу. Искористи ги овие вештини во пребарувањето за работа.
3. Направи проценка на своите вештини. Ако
се чувствуваш како да си го прегледал секој оглас за работа на земјата и се уште
не можеш да најдиш некој кој се совпаѓа со твоите вештини, тогаш е време да се
здобиеш со некои нови вештини. Добра вест за оние кои се невработени е дека тоа
е совршена можност да се вратат на училиште. Нема потреба да го делиш времето од
вообичаените работни обврски, а исто така постои можност дека индустријата се
променила од времето кога си дипломирал на училиште – што претставува дупла
шанса. Постојат дури и владини фондови и програми на располагање за тие што
бараат работа, а кои сакаат да се запишат на дополнителна обука или да го
продолжат своето образование.
4. Постави си цели. Да, твојата
главна цел можеби е да добиеш работа, но поставувањето кратки рокови, специфични
цели за ноѓање работа преку годината, ќе ти помогни во растот и ќе ти даде сила
континуирано да го надоградуваш твојот напредок. Подобри ги мрежните вештини, на
пример, со тоа што како цел во јануари ќе си поставиш да се приклучиш на
професионална организација, а во февруари да присуствуваш на најинтересните
стручни настани. Држејќи се одговорен за остварување на овие цели ќе ја зголеми
твојата самодоверба и ќе те мотивира да продолжиш со пребарување преку
обезбедување на нови понуди и информации.
5. Пробај нешто ново. Ако си заглавен
во рутината на барање работа, додај нова стратегија во твојот репертоар. Наместо
само пребарување работа на интернет, обиди се со агент или преку договарање на
информативни разговори со контакти од твојата индустрија. Повеќестраниот пристап
ќе ги даде најдобрите резултати.
6. Пробиј се низ конкуренцијата. Ако
се сретнеш со работа која се чини одлична за тебе, направи нешто што суптилно ќе
ти помогни да се издвоиш од толпата.
7. Биди во тек: Постојано треба да
бидеш во тек, дури и ако си надвор од работа. Читај ги публикациите, коментарите
на блоговите од твојата бранша, и биди во тек со новите технологии или правила
кои можат да влијаат врз твојот кариерен пат. Ова не само што ќе ти помогне да
имаш одличен разговор при интервју и да ја задржи твојата професионалност, но
исто така може да ти даде нови идеи за тоа каде и како да бараш работа.
8. Продади се добро: Интервју не е
време за скромност, особено во овие времиња. Кога имаш интервју, оди подготвен
со најмалку пет примери кои ги демонстрираат твоите најдобри квалитети. На тој
начин, кога лицето што интервјуира прашува "Зошто би ве вработил", можеш да
зборуваш за тоа како си толку брз ученик кој учи се во една недела и колку
претприемачкиот дух те доведе да започнеш свој прв бизнис уште на 16 годишна
возраст. Биди сигурен да му оставиш на лицето што те интервјуира телефонски
броеви на референци кои ќе дадат блескави препораки.
Во крајна линија барањето работа ќе биде тешко оваа година, но
добивањето на работа - па дури и таа од соништата - се уште може да биде
реалност. Проактивното барање на работа е ваш најдобар залог, па преземете ги
сите неопходни чекори за да се осигурате дека ќе ја добиете работата која ја
сакате.
|