Тешко е да не се замисли целта како дестинација, но тој начин на размислувањето може да биде демотивирачки. Или ќе доживеете успех или не. Размислувајќи за вашите цели како на компас, можете да го задржите фокусот на насоката по која треба да продолжите.
Може да знаете што треба да достигнете, но трикот е во пронаоѓањето како да се направи и тоа да биде фокусот. На својот блог, Џејмс Клеар препорачува да ја утврдите вашата желба за достигнување на вашата цел комплетно и единствена грижа да ви биде насоката каде целите.
Проблемот со желбата за збогатување е во тоа што повеќето од луѓето го поминуваат целото свое време мислејќи на богтатството. Најбрзиот начин да дојдеш до одредена точка, како и да е, е да го поставиш твојот компас и да започнеш да одиш... Развивај чист, едноставен праволиниски фокус за каде што целиш... твоите цели стануваат твојот компас, а не твоето закопано богатство. Целта е твојата насока, не твоја крајна цел. Целта е мисија на која се наоѓате, патот кој го следите.
Кога им пристапувате на целите на ваков начин, вие веќе ги достигнувате со тоа со преземање на најмалиот од следните чекори. На пример, вашата цел нема да биде „научи како да кодираш“ , туку ќе биде потроши еден час во денот учејќи и вежбајќи. Или наместо „сакам да ослабнам“, би било преминување во здрави навики како замена за секој оброк. Кога твојата цел е процесот, успевате да се држите до вашата мотивацја подолго бидејќи ја достигнувате вашата цел секој ден. Евентуално би го пронашле богатството на крајот, но ќе продолжите да се движите по патот бидејќи веќе сте ги развиле навиките кои ве држат да марширате напред.
The Goal Is Not the Point: Choose a Path and Then Walk It | James Clear
Patrick Allan