Влада: Редефинирање на модернизацијата
Промената е неизбежна, но таа ретко се случува во огромна брзина. Организациите ја преобликуваа работната сила, ги поништија прастарите деловни модели, ги прифатија дигиталните технологии, од „чет-ботови“ до „блокчејн“, како брз одговор на пандемијата.
Бизнисите мора да ги употребат лекциите кои ги научиле од пандемијата и да ги искористат за да продолжат напред во нови и иновативни начини во однос на културата, организациската структура и лидерството.
Конкурентите мора да научат да соработуваат, лидерите да сочувствуваат со вработените и добро утврдените компании да тестираат нови деловни модели.
„Во последните шест месеци имаше повеќе иновации отколку во последните шест години “, вели Моханбир Совни, професор на Факултет за менаџмент Келог на Универзитетот Нортвестерн. Компаниите „бизнис со бизнис“ исто така ја препознаваат вредноста на лансирање нови услуги за издигнување и поттикнување на потрошувачите.
„Донесовме смела одлука да имаме целосна транспарентност на податоците. Тоа беше голема трансформација. Со целосната отвореност, немаше потреба од строг надзор и управување, со што би се оневозможила брзата имплементација “, вели Дик Елси, извршен директор на HVMC.
„Блокчејн-от“ треба да игра позначајна улога во здравствена заштита со тоа што им овозможува на повеќе здравствени работници да внесуваат податоци во здравствената евиденција на пациентот со сигурност и непроменливост.
Научивме многу лекции од пандемијата, но една од најважните може да биде дека целта може да ги поттикне организациите кон некои од најкреативните стратегии и најхрабрите одлуки.
Целосниот текст можете да го прочитате на следниот линк:
The Way Forward with Digital Transformation Accelerated by a Pandemic: Government (azureedge.net)