Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Графички работник - Машинист

Организација

ПЕЧАТНИЦА „КИРО ДАНДАРО“ доо- Битола

Индустрија

Графичка

Опис на работната позиција

ПОМОШНИК НА БАКРО МАШИНА
Главни работни задачи и одговорности:

Му помага на машинистот при подготовка на машината за печатење;
Носи боја и други потребни материјали од магацин до машината;
Го следи работењето на машината и навремено го известува машинистот или претпоставените за евентуални недостатоци, неправилности или проблеми при печатењето;
Се грижи за хигиената на работното место, вклучувајќи чистење и бришење на остатоци од боја и одржување на уредноста околу машината;
Почитува правила за безбедност и здравје при работа, како и интерни процедури на компанијата;
Врши и други работи по налог на претпоставениот, поврзани со работниот процес.

Потребни квалификации

Потребни квалификации:
• Средно образование (техничко ќе се смета за предност)
• Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
• Одговорност, прецизност и подготвеност за тимска работа
• Способност за работа во смени
Нудиме:
• Редовен работен однос
• Обука за работа на машината
• Редовна и навремена плата
• Работа во стабилна и организирана компанија

Објавен на: 08/06/2026

Краен рок за пријавување: 18/06/2026