Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Соработник за шпедитерско работење

Организација

Имако Вино

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Соработник во продажба и шпедиција
Локација Штип
За работната позиција:
Бараме одговорна, организирана и прецизна личност за позицијата
Соработник во продажба и шпедиција

ГЛАВНИ РАБОТНИ ОДГОВОРНОСТИ
• Прием и обработка на нарачки од клиенти и подготовка на профактури, фактури и продажна документација.
• Изработка на извозна и транспортна документација и нејзино поднесување во соодветните системи.
• Следење на статусот на нарачките и комуникација со клиентите во врска со рокови, испораки и потребни информации.
• Координација со производство, магацин и други сектори за навремена реализација на нарачките.
• Следење на залихи на готови производи, амбалажа и репроматеријали и навремено известување за можни отстапувања.
• Подготовка, евиденција и архивирање на продажна, транспортна и административна документација.
• Подготовка на продажни извештаи и одржување на точни податоци во интерните евиденции.

Потребни квалификации

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
• Претходно работно искуство во продажна администрација, шпедиција, логистика или слична позиција ќе се смета за предност.
• Добро познавање на Excel, Word,а искуство искуство со ERP или друг деловен софтвер ќе се смета за предност.
• Познавање на англиски јазик. Познавање на српски, хрватски или босански јазик ќе се смета за предност
• Високо ниво на прецизност, аналитичност и внимание при работа со документација.
• Јасна и професионална комуникација.
• Возачка дозвола Б-категорија (активен возач).

НИЕ НУДИМЕ
• Пријателска работна атмосфера
• Динамична и одговорна работа со постојан раст
• Работа со тим од професионалци кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
• Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа


Аплицирај на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Контакт информации

Емаил

kariera@imakovino.com.mk

Телефон

070/233-375

Објавен на: 09/07/2026

Краен рок за пријавување: 24/07/2026