Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Позиција

Возач

Организација

Имако Вино

Индустрија

Прехранбена

Опис на работната позиција

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Возач-Шофер во сектор Логистика!
Локација Штип
За работната позиција:
Компанијата има потреба од одговорен и совесен кандидат за позицијата Возач-Шофер за локален транспорт, кој ќе обезбеди навремена и безбедна дистрибуција.

ОДГОВОРНОСТИ
• Вршење локален транспорт и навремена испорака на производите согласно утврдениот план.
• Управување со службено товарно возило на планирани рути, претежно на релација Штип – Скопје и други дестинации во државата.
• Водење на уредна документација за транспортот и робата која се дистрибуира
• Грижа за техничката исправност, редовното одржување и чистотата на службеното возило.
• Навремено известување за евентуални дефекти, оштетувања или други неправилности поврзани со возилото.
• Почитување на сообраќајните прописи, интерните процедури и правилата за безбедност и здравје при работа.

Потребни квалификации

КВАЛИФИКАЦИИ:
• Поседување на валидна возачка дозвола Ц категорија
• Одговорност, совесност и почитување на правила и прописи
• Почитување безбедност и здравје при работа

НИЕ НУДИМЕ
• Стабилна и долгорочна соработка
• Организирана и поддржувачка работна средина
• Можност за професионален развој
• Конкурентни услови за работа

Исконтактирај нѐ на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Контакт информации

Емаил

kariera@imakovino.com.mk

Телефон

070/233-375

Објавен на: 09/07/2026

Краен рок за пријавување: 24/07/2026