Позиција
Сметководител
Организација
МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ Скопје
Индустрија
Автомобилска
Опис на работната позиција
МЕГА Ауто Партс, основана во 1998 година, е препознатлива како една од водечките компании за увоз и дистрибуција на оригинални автомобилски резервни делови од реномирани европски производители. Со долгогодишна репутација за квалитет, професионалност и врвна услуга, компанијата постојано расте и го проширува својот тим.
Поради зголемениот обем на работа, ги охрабруваме мотивираните професионалци да аплицираат за следната работна позиција:
- СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ ( 1 позиција)
Потребни квалификации:
• Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
• Работно искуство: Минимум 3 години на иста или слична работна позиција.
• Познавање на финансиските регулативи и сметководствените стандарди
• Напредно познавање и работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon.
• Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
Работни должности:
• Водење на финансиското книговодство и сите работи од областа на материјално - финансиското работење
• Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
• Комплетирање на финансиските документи, завршна сметка, ревизорски извештаи
• Изготвување и евидентирање излезни фактури, анализирање, контрола и усогласување на фактури со главна книга
• Усогласување на евиденцијата во магацините и материјалното книговодство со финансиска евиденција
• Контрола и евидентирање на секојдневните транскации во сметководствената евиденција , делегирање на работни задачи
• Водење евиденција и чување деловните книги и сметководствени документи
Способности и вештини:
• Комуникативна и позитивна личност
• Критичко размислување
• Високо развиени организациски и аналитички способности
• Способности за решавање проблеми, со остро око за детали и точност
• Тимска работа
• Желба за учење
• Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Доколку сте заинтересирани да градите кариера во нашата компанија и да станете дел од нашиот тим, Ве охрабруваме да испратите кратка биографија на е‑маил: employment@megaauto.com.mk, со јасна назнака за позицијата за која аплицирате, најдоцна до 20.07.2026 година.
Напомена: Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во биографијата ќе се користат исклучиво за потребите на процесот на регрутација и селекција.
Потребни квалификации
Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
• Работно искуство: Минимум 3 години на иста или слична работна позиција.
• Познавање на финансиските регулативи и сметководствените стандарди
• Напредно познавање и работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon.
• Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
Објавен на: 14/07/2026
Краен рок за пријавување: 20/07/2026