Позиција
Администратор за логистика
Организација
Имако Вино
Индустрија
Прехранбена
Опис на работната позиција
ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба со долгогодишно искуство во производството на вино и други алкохолни пијалоци, активен на пазарот во земјата и во странство. Поради натамошен развој и напредок на компанијата, имаме потреба од нови вработувања.
Придружи ни се како Администратор во продажба и логистика
Локација Штип
За работната позиција:
Бараме одговорна, организирана и прецизна личност за позицијата Администратор за продажба и логистика
ГЛАВНИ РАБОТНИ ОДГОВОРНОСТИ
• Прием и евиденција на нарачки на клиенти, подготовка на профактури, фактури и продажна документација.
• Следење на статусот на нарачките и комуникација со клиенти за рокови, испораки и потребни информации.
• Координација со производство, магацин и други сектори за навремена реализација на нарачките.
• Следење на залихи на готови производи, амбалажа и репроматеријали и известување за можни доцнења.
• Организација и координација на транспорт и транспортна документација со логистички партнери.
• Подготовка и архивирање на продажна, транспортна и административна документација.
• Подготовка на продажни извештаи и одржување точни податоци во интерните евиденции
Потребни квалификации
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
• Претходно искуство во администрација, шпедиција или логистика ќе се смета за предност
• Добро познавање на Excel, Word,а искуство со деловен софтвер ќе се смета за предност
• Познавање на англиски јазик. Познавање на српски, хрватски или босански јазик ќе се смета за предност
• Способност за прецизна работа со податоци и документи.
• Јасна и професионална комуникација.
НИЕ НУДИМЕ
• Пријателска работна атмосфера
• Динамична и одговорна работа со постојан раст
• Работа со тим од професионалци кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
• Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
Аплицирај на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!
Објавен на: 18/06/2026
Краен рок за пријавување: 02/07/2026

