Позиција
Сметководител
Организација
СИГМА СБ ДООЕЛ
Индустрија
Сметководство
Опис на работната позиција
Оглас за Сметководител
За улогата
Поради проширување на обемот на работа, Сигма-СБ има потреба од Сметководител. За таа цел бараме посветен сметководител кој ќе обезбеди прецизно оперативно книжење и навремена подготовка на даночна и финансиска документација. Оваа позиција е наменета за професионалец кој ќе работи под менторство на овластен сметководител, фокусирајќи се на ефикасно извршување на тековните сметководствени процеси во дигитално опкружување.
Клучни одговорности
Оперативно книжење:
Евиденција на примарни документи (книжење на влезни и излезни фактури, благајна и слично), банкарски изводи, амортизација и основни усогласувања.
Пресметка на плати и други лични примања.
Даночни процеси:
Подготовка на даночни пријави и извештаи.
Строго следење на законските рокови.
Координација со клиенти и надлежни институции:
Водење на сметководствена евиденција за повеќе клиенти
Редовна комуникација за обезбедување на недостасувачка документација и разјаснувања.
Комуникација со надлежни институции.
Квалитет и подобрувања:
Спроведување на самопроверки пред сениор ревизија,
Придржување кон стандардни оперативни процедури (SOPs)
Потребен профил и квалификации
Познавања
Искуство во книжење на деловна документација;
Познавање на пресметка на плати и придонеси;
Подготовка и поднесување на ДДВ пријави и солидно познавање на ДДВ законската рамка и основните даночни правила во Македонија
Солидно познавање на системите на УЈП (е-ПДД и е-Даноци);
Солидно познавање на сметководствени и даночни прописи;
Познавање на MS Office (Excel, Word);
Искуство:
Пожелно е кандидатот да има претходно работно искуство во областа на сметководство минимум 2-3 години
Образование:
предност ќе имаат кандидатите со Високо образование (Економски факултет).
Технички вештини:
Работа со сметководствени софтвери, е-фактури и дигитални архиви. Напредно користење на MS Word и Excel или Google Sheets.
Лични вештини:
Одговорност, точност и организираност во работата
Висока прецизност
Дисциплина во почитување на роковите
Одлична организација и комуникациски способности
Што нудиме?
Работа во модерна компанија со минимална употреба на хартија.
Можност за стручен и професионален развој и напредок во растечки тим.
Конкурентна плата во рамки на индустријата
Како да аплицирате?
Испратете го вашето CV и кратко мотивациско писмо на rabota@sigmasb.com.mk. најдоцна до 25.06.2026.Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Потребни квалификации
Објавен на: 18/06/2026
Краен рок за пријавување: 25/06/2026

