Позиција
Агент за продажба
Организација
Салон за мебел Гир-Риг
Индустрија
Трговија
Опис на работната позиција
Салонот за мебел Гир-Риг објавува отворена работна позиција АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА за салонот во Охрид
Работните обврски се :
- Високо ниво на комуникација со потрошувачи;
- Испитување на потребите на потрошувачите
- Презентирање на производите и продажно советување;
- Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
- Грижа за изгледот, исправноста и уредноста на производите во изложбениот салон, како и грижа за самиот салон
- Испитување на задоволството на купувачот;
- Испитување на пазарот , конкуренција , цени.
Твојот профил треба да биде:
- Сакаш мебел, внатрешно уредување и дизајн;
- Имаш позитивен став;
- Флесибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Спремен си за тимска работа;
- Имаш работно искуство на иста или слична позиција (секако предност)
- Имаш одлични комуникациски и продажни вештини;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Си мотивирана и стабилна личност;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Нето плата 30000 денари + бонуси;
- Систем на наградување на успешните вработени.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на pavel@girrig.com.mk или на 071/310-132 Павел.
Потребни квалификации
Објавен на: 26/03/2024
Краен рок за пријавување: 04/04/2024