Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Маркетинг менаџер

Организација

ДТУ САЛВЕО ДООЕЛ Скопје

Индустрија

Фармација

Опис на работната позиција

Салвео е фармацевтска компанија која гради успешни и доверливи брендови со портфолио на производи кои одат со и без рецепт, во Централна и Источна Европа, придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет. Познати брендови кои се присутни на пазарот се Prospan, Trachisan, isla, Merz Spezial, Alpecin, Contractubex и други.
Суштината на нашиот успех е нашиот тим од ангажирани, одговорни и проактивни поединци да споделуваат јасна деловна визија градејќи препознатлива организациска култура.
Бараме Маркетинг менаџер/ка кој/а ќе се приклучи на нашиот тим.
ПОЗИЦИЈА
• Маркетинг менаџер/ка
ЛОКАЦИЈА
• Скопје, Македонија
КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
• Креирање и спроведување на маркетинг планови за портфолиото на Salveo според целите на компанијата

• Во соработка со локалниот и регионалниот менаџмент развива маркетинг планови за производи од портфолиото на Salveo во согласност со целите на продажба (тактики, канали за промоција, активности, KPI-ви, рокови, буџет)

• Дизајнирање и подготвување на активности и материјали за стручната јавност( брошури, насоки,итн.) и за пошироката јавност (АТЛ и БТЛ активности)

• Следење на спроведување на маркетинг планови, соработка со агенции: контактирање со агенции и медиуми во врска со подготовка на маркетинг кампањи, одлучување за избор на агенции за подршка и спроведување на кампањи, анализа на резултатите од маркетинг кампањата

• Анализа на пазарот, препознавање можности за воведување нови производи, евалуација на потенцијалот на производот и план за лансирање

• Редовни посети на KOLs, остварување на долгорочна соработка со истите, со цел реализирање на продажни планови

• Контактирање со дизајнери и печатници во врска со подготовка на маркетинг материјали, одлучува за финалните и креативните решенија на текстови и дигитални кампањи

• Координација и имплементација на терен во договор и соработка со продажниот тим, едуцирање и мотивирање на продажниот тим да ги прифати и презентира актуелните маркетинг алатки на клиентите

• Учество во организација и реализација на состаноци, контактирање со KOL во врска со организација на предавањата и активностите во кои се вклучени, подготвува материјали за стручниот состанок, ги координира стручните соработници


• Следење на постигнатите ефекти од состанокот и ги известува претпоставените за успехот на состаноците

• Одговорност за зголемување на свеста за брендот и видливоста на портфолиото на Salveo

• Контролирање на трошоци за маркетинг и известување на претпоставените на месечно ниво, подготвување SOC( Scale of Charge) на квартално ниво, анализирање на потрошениот наспроти планираниот буџет за маркетинг

• Следење и спроведување на маркетинг кампањата, собирање и обработување на податоци и извештаи до претпоставените за успехот на маркетинг активностите (KPI, AAR и ROI)
• Промовирање на коорпоративна клима и коорпоративна култура

• Развој и одржување на коорпоративен имиџ, контактирање со партнери и клучни клиенти

• Обезбедува усогласеност на маркетингот со локалните законски прописи


БЕНЕФИЦИИ – ШТО НУДИМЕ:
· Континуирано инвестирање во професионалниот и личен развој на членовите на нашиот тим
· Пријатна и флексибилна работна средина
· Неформална комуникација
· Флексибилно работно време
·Слободен ден за роденден и Бадник секоја година
·Споени празници – кога празник се паѓа во вторник и понеделникот е неработен, доколку празникот е во четврток и петокот е неработен.
·Редовен годишен систематски преглед
·Можност за приватно здравствено осигурување
· Летно работно време во петок до 12:00ч.
·Поддршка и разбирање за потребите на родителите
·Годишни бонуси
·Тим билдинг
·Салвео школа за личен развој – „Thousand insigts and it’s all me“
·Службено возило


Бараме личност која развива соработка и партнерство со колегите и клиентите, има потреба да постигне одличен резултат и да создаде дополнителна вредност за себе, компанијата и клиентите, има развиено комуникациски вештини и поддржува култура на повратни информации (feedback), одговорно и ефикасно управува со своето однесување, ефикасно го регулира стресот, брзо учи и ефикасно функционира во различни ситуации и околности.

Потребни квалификации

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
· Завршено високо образование (Фармацевтски, Стоматолошки или Медицински факултет)
· Минимум 2 години работно искуство на исти или слични работни места
· Искуство со портфолио на лекови кои одат без рецепт
· Маркетинг и финансиски знаења
· Страст и искуство во дигитален маркетинг
· Лидерски вештини и влијание
· Англиски јазик, напредно ниво на знаење
· Познавање на MS Office пакет, напредно ниво

Контакт информации

Емаил

s.arsovska@salveo-pharma.com

Телефон

071641229

Објавен на: 30/04/2024

Краен рок за пријавување: 14/05/2024