Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Стручен Соработник

Организација

ДТУ САЛВЕО ДООЕЛ Скопје

Индустрија

Фармација

Опис на работната позиција

Салвео е фармацевтска компанија која гради успешни и доверливи брендови со портфолио на производи кои одат со и без рецепт, во Централна и Источна Европа, придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет. Познати брендови кои се присутни на пазарот се Prospan, Trachisan, isla, Merz Spezial, Alpecin, Contractubex и други.
Суштината на нашиот успех е нашиот тим од ангажирани, одговорни и проактивни поединци да споделуваат јасна деловна визија градејќи препознатлива организациска култура.
Бараме Стручен/на соработник/чка кој/а ќе се приклучи на нашиот тим.
ПОЗИЦИЈА
• Стручен/на соработник/чка
ЛОКАЦИЈА
• Скопје и Централна Македонија
КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
• Развој и одржување на партнерски односи со клиентите
• Редовни посети на клиентите, информирање на клиентите за производите и маркетиншките активности, прибирање повратни информации од клиентите
• Договарање и организирање промотивни активности кај клиентите, зголемување на видливоста на производите
• Планирање, спроведување и известување за извршените посети
• Следење, анализа и унапредување на работењето во рамки на теренот за кој е задолжен
• Градење и одржување добри односи со клиентите, информирање за производите и маркетиншките акции и прибирање повратни информации за производите и претпријатието
• Организација и учество на стручни средби

БЕНЕФИЦИИ – ШТО НУДИМЕ:
· Континуирано инвестирање во професионалниот и личен развој на членовите на нашиот тим
· Пријатна и флексибилна работна средина
· Неформална комуникација
· Флексибилно работно време
·Слободен ден за роденден и Бадник секоја година
·Споени празници – кога празник се паѓа во вторник и понеделникот е неработен, доколку празникот е во четврток и петокот е неработен.
·Редовен годишен систематски преглед
·Можност за приватно здравствено осигурување
· Летно работно време во петок до 12:00ч.
·Поддршка и разбирање за потребите на родителите
·Годишни бонуси
·Тим билдинг
·Салвео школа за личен развој – „Thousand insigts and it’s all me“
·Службено возило


Бараме личност која развива соработка и партнерство со колегите и клиентите, има потреба да постигне одличен резултат и да создаде дополнителна вредност за себе, компанијата и клиентите, има развиено комуникациски вештини и поддржува култура на повратни информации (feedback), одговорно и ефикасно управува со своето однесување, ефикасно го регулира стресот, брзо учи и ефикасно функционира во различни ситуации и околности.

Потребни квалификации

· Завршено високо образование (Фармацевтски, Стоматолошки или Медицински факултет)
· Минимум 2 години работно искуство на исти или слични работни места
· Комуникациски вештини
· Продажни и преговарачки вештини
· Вештини за влијание и управување со разговор/состанок
· Презентациски вештини
· Вештини за решавање проблеми и приговори
· Стручно знаење – познавање на производите
· Вештини за управување со време, енергија и стрес
· Возачка дозвола
· Англиски јазик, напредно ниво на знаење
· Познавање на MS Office пакет, напредно ниво

Контакт информации

Емаил

s.arsovska@salveo-pharma.com

Телефон

071641229

Објавен на: 30/04/2024

Краен рок за пријавување: 14/05/2024