Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

Правила и услови за користење на www.najdirabota.com.mk

Со самиот пристап на www.najdirabota.com.mk ги прифаќате правилата и условите за користење во целост. Промени на правилата и условите може да настанат во било кој момент и истите се применуваат веднаш по објавувањето на истата страна.


Употреба на податоци

Податоците кои ги доставуваат огласувачите се должни да бидат точни, вистинити и ненавредливи по ниедна основа според законите во Република Македонија. Огласувачот се сложува информациите да бидат јавно достапни за сите заинтересирани корисници. За податоците кои се објавени од огласувачите порталот www.najdirabota.com.mk не превзема никаква одговорност.


Оглас

Кога огласувачот доставува оглас до www.najdirabota.com.mk се согласува јавно да биде прикажан, односно неговата содржина и лого (банер) на компанијата. Порталот www.najdirabota.com.mk го задржува правото на уредување, изменување и бришење без претходна најава. Огласот нема да биди објавен на www.najdirabota.com.mk ако:

  • Огласот е нецелосен, непотполн, сомнителен или содржи невистини
  • Огласот ги прекршува авторските права
  • Огласот содржи навредлива, дискриминирачка содржина
  • Огласот служи за промоција на компанија, фирма или промоција на мултилевел маркетинг

Огласувачот се согласува
  • Да биде избришана, необјавена содржината на огласите ако е спротивна од правилата и условите на www.najdirabota.com.mk
  • Да не објавува огласи со кодирана, скриена, лажна или малициозна содржина
  • Да не објавува огласи со чија содржина се прекршува авторско право или нечија интелектуална сопственост
  • Да не објавува еден ист оглас повеќе пати во еден ден

Преземање на огласи (од други вебсајтови или агрегатори)

Преземањето на огласи без согласност на администраторот на www.najdirabota.com.mk не е дозволено. За обезбедување согласност обавезно поднесете барање со користење на Контакт формата. Откако ќе биде дозволено преземање на огласи, вебсајтот или агрегаторот кој ги реобјавува потребно е да е постави повратен линк до страната каде што секој оглас е оригинално поставен.

Порталот www.najdirabota.com.mk не е одговорен грешките во содржините кој ги поставуваат огласувачите или грешки при автоматска обработка се оградува од секаква вина. Корисниците на www.najdirabota.com.mk се согласни и контактираат со огласувачите на нивни ризик, прифаќаат дека порталот www.najdirabota.com.mk и лицата поврзани со него немаат никаква обврска или одговорност за било какви штетни последици кои би настанале.


Гаранции

Порталот www.najdirabota.com.mk се исклучува од било каква повреда, штета или загуба до максимално дозволената законска граница која може да настани непосредно или посредно заради: користење на www.najdirabota.com.mk, содржините на www.najdirabota.com.mk, користење на линкови од други страници кој водат до www.najdirabota.com.mk. Исто така заради употреба, невозможност за употреба или злоупотреба на било кои страници од www.najdirabota.com.mk, како и поради постапките кој се превземени или не во врска со содржините на www.najdirabota.com.mk. Порталот www.najdirabota.com.mk не е одговорен за било која правна постапка или тужба базирана на повреда на било кое авторско право или право на интелектуална сопственост на огласувачите, односно корисниците. За содржините поставени од страна на огласувачите и корисниците преку самиот сајт www.najdirabota.com.mk не нуди никаква гаранција. Ако се постават содржини спротивни на важечките закони во Република Македонија ќе бидат отстранети во рок од 2 (два) работни дена. Секој приговор пристигнат од самиот сајт или преку електронска порака до www.najdirabota.com.mk ќе биде зачуван електронски форма. Порталот www.najdirabota.com.mk повремено може да биде недостапен поради технички проблеми или виша сила.


Прашања

Ако имате некои прашања во врска со нашата политика на приватност или воопшто во врска со порталот www.najdirabota.com.mk можете да не контактирате преку Контакт формата на нашиот сајт.