Користиме колачиња на нашата веб страница. Со користењето на овој сајт, се согласувате со употребата на колачиња.

company_logo

Позиција

Земјоделски работници

Организација

Камник

Индустрија

Земјоделство

Опис на работната позиција

Нашата мала урбана органска фарма е посветена на производството на сертифицирани органски јајца, житни култури, зеленчук и овошје. Во потрага сме за посветен и мотивиран земјоделски работник кој ќе се приклучи кон нашата заедница, која ја вреднува одржливоста и квалитетот на храната, придонесувајќи кон создавање на здрава и одржлива иднина.
Клучни Обврски:
- Грижа за кокошките и одржување на кокошарниците, обезбедувајќи здрава и безбедна средина за нашите птици;
- Учество во обработка на земјиштето, садење, негување и берба на органскот зеленчук и овошје;
- Примена на методи за контрола на штетници и болести, во склад со стандардите за органско производство;
- Водење дневни записи за активностите.
Нудиме:
- Конкурентна плата во согласност со вашето искуство и квалификации;
- Работа во мотивирачка и пријателска средина која го вреднува вашето придонесување;
- Можност за учење и напредување во областа на органското земјоделие и одржливиот развој;
- Чувство на задоволство од работата во природа и придонес кон здравата заедница.

Како да аплицирате:
Испратете ваша биографија со фотографија на e-mail: vrabotuvanje@kamnik.mk
За повеќе информации, јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот

Потребни квалификации

Потребни Квалификации:
- Претходно искуство во земјоделие и одгледување на живина;
- Силна желба за учење и примена на органски земјоделски практики;
- Способност за физичка работа во надворешни услови и променливо време;
- Способност за работа самостојно и во тим, со висок степен на одговорност.

Контакт информации

Емаил

vrabotuvanje@kamnik.mk

Телефон

02/ 2523-523

Објавен на: 15/05/2024

Краен рок за пријавување: 02/07/2024